Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВнимавајте по влажните коловози низ државава

Внимавајте по влажните коловози низ државава

Сообраќајот на патиштата во Македонија утрово се одвива по влажни коловози, информираат од Автомотосојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На македонската страна од граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-­ Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар- Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-­Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.