Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВнимавајте – Нѐ очекува топлотен бран во текот на оваа недела

Внимавајте – Нѐ очекува топлотен бран во текот на оваа недела

До петок се очекува температурите да бидат прилично високи и некарактеристични за овој период од годината, најавува УХМР. Ваквата драстична промена предизвикува промени во здравствената состојба кај луѓето, посебно оние кои се хронично болни.


Според најавите, во петок може да имаме и жолта фаза во дел од државата. Секако дека мора да се почитуваат препораките да не се излегува без потреба бидејќи овие температурни разлики може да наштетат. Особено важно е хронично болните да ја примаат редовно пропишаната терапија, вели Јованка Костовска од Министерство за здравство.


Денешната временска состојба нема да биде ништо поразлична од вчера. На последниот ден од работната недела температурата ќе достигне и до 35 степени Целзиусови, а од викендот ќе има заладување.