HomeГИГА БАЈТПЦВнимателно со фотографиите од Facebook и LinkedIn

Внимателно со фотографиите од Facebook и LinkedIn

fejsbuk2

Според истражувачите од компанијата Check Point, еден вид ransomware, познат под името Locky, злоупотребува одредени неправилности кои се пројавуваат во начинот на кој друштвените мрежи како Facebook и LinkedIn управуваат со фотографиите. Ransomware е сериозна закана за секој интернет корисник, во моментов јавниот превоз во Сан Франциско е под опсада на ransomware.

Ова го принудува прелистувачот да преземе фотографија со малициозен код додека сте на друштвената мрежа. Со ваше отворање на фајлот, втората фаза е заклучување на пристапот до вашиот компјутер се додека не платите одредена сума пари во биткоини. Додека тоа не се случи, вашите лични податоци остануваат во енкриптирана состојба.

Точно е дека не треба никако да отворате фајлови од сомнителна природа, но многу корисници не очекуваат истото нешто да се однесува и при користење на најпознатите друштвени мрежи.

Check Point се изјаснија дека ги имаат известено и Facebook и LinkedIn за ваквата злоупотреба уште од септември, но сеуште не им е јасно дали се имплементирани соодветни заштитни мерки.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com