Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО со контра сведоци за прислушкувањето

ВМРО со контра сведоци за прислушкувањето

Преставниците на ВМРО-ДПМНЕ во Анкетната комисија за скандалот за прислушкување како сведоци ќе ги повикаат Бранко Палифров, Александар Верушевски син на екс-разузнавачот, како и лидерот на опозицијата Зоран Заев, со тоа што заедничко за сите нив е поврзаноста со случајот Пуч.

anketna_komisija_za_prislusuvanje-2Денеска на дневен ред на Анкетната комисија како сведок е предвиден министерот за финансии Зоран Ставревски кој исто како и неговиот кумашин ќе сведочи без присуство на медиумите со образложение за класифицирани содржини од нелегалните телефонски разговори.

На овој начин јавноста нема да има увид за самото сведочење додека не се тргне назнаката доверливо, па самата работа на комисијата и нема да биде од голема корист во расветлување на сите недоумици и дилеми, како и за конкретно лоцирање на вина.