Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО НП бара македонско обединување во Тетово и заштита на следните избори

ВМРО НП бара македонско обединување во Тетово и заштита на следните избори

ВМРО Народна партија ја пласира идејата на идните локални избори во Тетово сите македонски партии да настапат со заедничка платформа, како и да се изврши нова територијална поделба на градот со три нови општини со цел да се заштитат интересите на Македонците.

Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Тетово смета дека е вистинско време за формирање на Национален совет во кој ќе членуваат сите Македонски политички партии кои гравитираат на територијата на Општините Тетово и Гостивар, граѓански здруженија и локални еминентни личности.

ОК на ВМРО-Народна партија од Тетово ги повикува општинските комитети и организации на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и сите останати Македонски политички партии кои функционираат на ова подрачје за заеднички настап на следните локални избори со единствена заедничка платформа во која ќе бидат дефинирани националните интереси на Македонскиот народ кој живее на територијата на Западна Македонија.

Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Тетово предлага редефинирање на Законот за територијална поделба каде што Тетово ќе добие статус на Град со три општини при што во една од општините со мнозинско Македонско население би имала Македонец за градоначалник.