Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-НП бара измени на Законот за избори

ВМРО-НП бара измени на Законот за избори

Во период на намалена активност на партиите во решавањето на политичката криза во Македонија, ВМРО-Народна партија верува дека се создадени поволни услови за прифатлив договор помеѓу партиите, со што ќе се донесе најдоброто решение за одржување на фер и демократски избори.

Од партијата сметаат дека поради поголема ефикасност на Изборниот законик во контекстот, во него треба да се утврдат членови со кои нема да се предвидува однапред утврден квалификациски праг за влез во Парламентот и со кои ќе се забрани коалицирање помеѓу партиите пред избори.

-„ВМРО-НП смета дека постојниот Закон за избори е дискриминаторски во однос на малите политички партии, заради што тие се принудени да влезат во коалиција со големите партии и притоа да ги изгубат својот партиски суверенитет и идеологија“, соопшти партијата.

Партијата е убедена дека наредните избори спроведени според новиот закон што го предлагаат, за Македонија да биде една изборна единица, без праг и без предизборно коалицирање, во целост ќе ги задоволи општите критериуми за фер и демократски избори, во кои јасно ќе биде изразена волјата на гласачите подеднакво на целата територија на државата.