HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Заев веќе не може да бега од судот на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Заев веќе не може да бега од судот на граѓаните

Не минуваат апсурдните изговори, писмата до амбасади и неразумните предлози. СДСМ ќе мора да излезе на избори на 11-ти декември да се соочи со народот. Аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ ќе мора да го видат и доживеат мислењето на граѓаните за двегодишната криза во која што ја втурнаа земјата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев ќе мора да се соочат со казната од граѓаните за сета деструкција и за блокирањето на сите процеси и проекти кои го подобруваат животот на секој човек во Македонија. Како што наближува датумот за одржување на парламентарните избори и крајот на кризата, така сѐ поголеми и поголеми се стравот и паниката во СДСМ. Аболицираниот криминалец Зоран Заев знае дека на 11-ти декември народот ќе избере програма и проекти, а не деструкција, криза и манипулации. Аболицираниот криминалец Зоран Заев знае дека е до ѕид и веќе нема бегање од судот на граѓаните.
Владејачката партија посочи дека никогаш не бегала од избори па така и сега сака што побрзо да се одржат за да се стави крај на сите изговори на СДСМ.

Целата јавност беше сведок на измислените оправдувања на СДСМ за бегање од избори околу наводните 500.000 фантоми во избирачкиот список и нефункционалноста на АВМУ. Целата јавност беше сведок и дека токму ВМРО-ДПМНЕ инсистираше и инсистира на избори како единствен начин за излез од кризата во која СДСМ ја втурна Република Македонија. Се прочисти списокот и тој е речиси идентичен со списокот од кој СДСМ загуби со 200.000 гласови разлика пред две години. Формирано е и ад хок-тело. Бегање од избори за СДСМ веќе нема“, посочија од ВМРО-ДПМНЕ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com