Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Заев нема да успее во реализацијата на тиранската платформа

ВМРО-ДПМНЕ: Заев нема да успее во реализацијата на тиранската платформа

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Зоран Заев го претворил СДСМ во „криминално-мафијашка структура“.

Партијата нагласува дека пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, се фотографирал со дел од членовите на семејството Гаци, кои, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, „се познати по брутални криминали на Косово“ и порачува дека овој пратеник „е директната врска на Зоран Заев со структурите на подземјето од Косово и од Македонија, за што повеќепати медиумите објавуваа и фотографии“.

„Залудно е СДС да се обидува да ја сокрие врската со нарко-мафијата, кога во изминатиов период јавноста беше сведок на полициски акции против наркодилери блиски до Заев и до неговите соработници. Граѓаните ги видоа фотографиите на Заев и неговата блискост со уапсените наркодилери од Арачиново, Сеад Рахиќ и со наркодилерите од Тетовско. Криминалците како Заев знаат да прават само криминал и затоа секогаш се во друштво на себе сличните. Заев нема да успее во реализацијата на тиранската платформа. Без разлика колкава е поддршката од крималното подземје за СДС, таа нема да се реализира“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.