Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ ништо не е свето, ниту празници, ниту државни интереси

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ ништо не е свето, ниту празници, ниту државни интереси

СДСМ покажува дека за него нема ништо свето, ниту празници, ниту национални и државни интереси, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на утринското соопштение на СДСМ.

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека тоа е очекувано од партијата која, како што велат, се однароди и се врза со нарко-мафијашкото подземје.

„Народот јасно им порача дека нивното дилетантско политиканство не поминува. Народот јасно им порача дека не поминува ниту тиранската платформа, ниту негирањето на македонскиот народ, химна и знаме, се она за кое што СДС упорно молчи, а под маса го договара. СДС и аболираниот криминалец Зоран Заев се обидуваат со прифаќање на странски платформи и негаторски изјави по секоја цена да избегаат од соочување со правдата за криминалите кои ги направиле“, се вели во соопштението.

Од партијата порачуваат дека бегање од судските процеси за нивните криминали нема, исто како што нема бегање ниту од судот на народот.
„Тој суд на народот, СДС ќе го види на избори кои се единственото решение од ситуацијата во која СДС ја втурна Македонија со прифаќањето на тиранската Платформа. Затоа народот е на нозе! Затоа Македонија се буди!“, се наведува во соопштението.