Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Ветувањата на СДС за почист воздух доживуваат фијаско

ВМРО-ДПМНЕ: Ветувањата на СДС за почист воздух доживуваат фијаско

Владата на Зоран Заев шест месеци нема превземено ниту еден суштински чекор за прочистување на воздухот, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека наместо почист воздух, градовите се гушат во смог, а „ветувањата на СДС доживуваат фијаско“.

„Наместо да се справуваат со загадувањето, градоначалниците на СДС тргнаа со контрамерки. Шилегов и Богоев ги стартуваа мандатите со сечење на дрва низ градот. Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање секојдневно алармираат превисоки концентрации на ПМ10-честичките, загадено е низ цела Македонија, а вчера особено алармантно беше во Тетово, Карпош и Кавадарци“, стои во соопштението.

Од партијата додаваат дека „згора на тоа СДС се дрзна да ја укине и акцијата „Денот на дрвото“, во која досега, според ВМРО-ДПМНЕ, биле засадени 36 милиони дрва, со над 50 отсто успешност.

„Граѓаните врз сопственото здравје почнаа да ги чувствуваат лагите и манипулациите на владата на СДС. На Заев му е побитно да продава евтин популизам отколку да реализира реални мерки со кои ќе се подобри живеењето на граѓаните на Република Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.