Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ условува – нема да го поддржиме ако не се измени договорот со Бугарија нема да

ВМРО-ДПМНЕ условува – нема да го поддржиме ако не се измени договорот со Бугарија нема да

Поранешниот министер за надворешни работи и сегашен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, денеска на прес-конференција во Собранието изјави дека Владата излегла во пресрет на барањата на Софија за договорот за добрососедство, но дека се добива впечаток дека ги заборавила македонските интереси.

– Станува збор за меѓудржавен договор, но специфично е тоа што има определено оспорување на посебноста на македонскиот јазик и на македонскиот народ како нација. За да добие поддршка во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, ќе мора да има корекции во делот на националните интереси – истакна Попоски.

Поранешниот министер за внатрешни работи смета дека е потребен фер договор кој ќе затвора проблеми, а не договор кој ќе креира фрустрација на патот на Македонија кон ЕУ. Таков фер договор, според него, ќе биде основа за добивање најширока поддршка во Собранието и чувствата во јавноста ќе бидат дека со него се добива, а не се губи.