HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ станаа сини, СДСМ- црвени

ВМРО-ДПМНЕ станаа сини, СДСМ- црвени

15107193_10154681156847716_4031040622941638777_n

Со изборот на светло сина боја ВМРО-ДПМНЕ сака да покаже невиност, а пак СДСМ со црвената боја сака да порача дека за нив националните интереси се пред сè. Вака упатените ја оценуваат смената на боите на двете најголеми партии во македонскиот блок.

„Еден за сите, сите за еден!“ гласи слоганот на владеачката партија. Тој е напишан со бели букви на небесно сина позадина.

СДСМ пак на црвена позадина, порачува „За живот во Македонија“.

Жанета Трајкоска, доктор по политички науки од Институтот за комуникациски студии, во изјава за Радио слободна Европа вели дека ВМРО-ДПМНЕ со изборот на сината боја која асоцира на небо, сака да порача дека нема никаква вина. СДСМ, пак која игра со граѓанскиот концепт, преку црвената боја сака да каже дека националните интереси ќе и бидат најважни.

„Сите за еден, еден за сите, иако е неинвентивна, мускетарска порака, сепак алудира на она цврсто гласачко тело на ВМРО-ДПМНЕ и порачува дека треба да бидат сите заедно и уште еднаш да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ од друга страна, пак, се обидува да се обрати до сите граѓани, има силна граѓанска порака која се однесува на секој, односно за живот во Македонија“, вели Трајкоска.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com