Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Спасовски се обидува да ги контролира социјалните медиуми

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски се обидува да ги контролира социјалните медиуми

Владата на СДСМ сака под целосна контрола да го стави јавното мислење, па освен контролата над медиумите, сака да воспостави целосна контрола и над интернетот и социјалните мрежи, изјави денеска Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Само за периодот кога Оливер Спасовски бил технички министер во својот прв мандат тој побарал проверка и гасење од фејсук на 68 профили на корисниците на оваа социјална мрежа. Како за споредба, владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години владеење има проверено вкупно 59 фејсбук профили. За време на вториот мандат на Спасовски, како технички министер тој издал наредба за проверка и гасење на 36 фејсбук профили. За споредба во истиот период во 2016 година Русија и Малезија вкупно имаат 26 барања кон фејсбук за вакви мерки“, рече Стојаноски.

„Зошто на СДС толку им пречи правото на сопствено мислење и слободата на говор? Зошто СДС се плаши од критика? Зошто СДС сака да ја претвори Македонија во Северна Кореја? На неспосбната влада на СДС им пречи критиката и слободата на говор. Им пречат луѓе кои јавно ги критикуваат за погубните политики и за носење на државата на работ на бездна“, рече Стојаноски.