Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ со шокантно соопштение, постапките на СДСМ резултираа со насилството

ВМРО-ДПМНЕ со шокантно соопштение, постапките на СДСМ резултираа со насилството

ВМРО-ДПМНЕ испрати шокантно соопштение во кое посочува дека одлуката на СДСМ заедно со коалиционите партнери да изберат собраниски спикер можело да резултира само со физичко насилство, без притоа да спомнат што е со полицијата која со практично со раширени раце им дозволи на маскираните напаѓачи да ги водат гневните граѓани низ Собранието и притоа да демолираат, да газат се пред себе и да го доведат во прашање животот на новинарите и пратениците.

„Реализирањето на Тиранската платформа не носи добро никому. Газењето на Уставот, законите и деловникот е директно газење на државата и поредокот. Ограничувањето на демократското право на дискусија на пратениците е најбрутално ограничување и газење на граѓаните кои ги гласале. Политичкото насилство кое го спроведе СДС може да резултира само со физичко насилство. Незаконскиот обид, криминогените структури од СДС да си го самопрогласат Талат Џафери за парапретседател на Собранието беше директна провокација кон Македонскиот народ“, соопшти ВМРО ДПМНЕ.

Од партијата на Никола Груевски велат дека сценариот на нивниот опонент да формира параинституции е на директна штета и на Република Македонија и на граѓаните на државата и единствено им користи само на оние сили во земјава и надвор од неа кои не и мислат добро на Македонија и кои го негираат Македонскиот идентитет и суверенитет.

„Благодарение на интервенцијата на полицијата, не дојде до поголема ескалација и посериозни последици, посочуваат од ВМРО ДПМНЕ и додаваат дека нивните опоненти мора да сфатат дека народот се противи на нивните планови за тргување со највисоките државни и национални интереси“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.