Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: СЈО го крши Законот со кој е формирана таа институција

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО го крши Законот со кој е формирана таа институција

Катица Јанева и нејзините обвинители единствено што почитуваат се политичките нарачки од хунтата на Зоран Заев за пресметка со неистомислениците, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СЈО, на која беше соопштено дека се отворени седум нови истраги и осомничени се 17 лица, меѓу кои и поранешни министри и пратеници од редовите на сегашната опозиција.

„Со денешниот прес, Катица Јанева и нејзините соработници потврдија дека се слепи извршители на желбите на Зоран Заев и СДС во обидите да се замолкне секој што мисли поинаку и што може да се спротистави на антидржавните политики кои во моментов се реализираат. Само за потсетување, во моментов државната изборна комисија е во оставка, а Зоран Заев најавува промена на името во исто време кога од Грција доаѓаат најави за предлозите кои ги давал Заев, но и за проширување на опсегот на употребата на новото име“, велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, новата владата го користи моментот на нефункционирање на институциите да обезбеди поддршка за политиките кои се штетни за државата.

„Во вакви околности кога практично не постои институција која би го реализира евентуалниот референдум за прашањето за името, СЈО по наредба на Зоран Заев тргнува во офанзива монтирајќи нови случаи, надвор од законските овластувања, против членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ во обид да ги заплаши и пасивизира. Единствената цел на СЈО е да му обезбеди на Заев поширока поддршка за политиките кои ги реализира на штета на државата“, се вели во соопштението и се додава дека СЈО го крши Законот со кој е формирана таа институција и за тоа мора да има одговорност.