Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Сеуште постои опасност од Тиранската платформа

ВМРО-ДПМНЕ: Сеуште постои опасност од Тиранската платформа

ВМРО-ДПМНЕ смета дека граѓаните оправдано се плашат дека претседателот на СДСМ Зоран Заев „е подготвен да ја реализира Тиранската платформа, во надеж дека од позиција на власт ќе се спаси од кривичен прогон за кривични дела кои ги извршил“, без оглед што и самиот Али Ахмети предводникот на ДУИ посочи дека во новата владина програма ќе нема место за сите точки од Албанската декларација.

Според ВМРО-ДПМНЕ, секој ден коалициските партнери на СДСМ излегувале со изјави дека не се откажуваат од тиранската платформа, но ниту Заев ниту партијата ги демантираат таквите изјави.

– Зар вака криминогениот СДС ќе ги брани националните и државните интереси на Република Македонија?, прашува ВМРО-ДПМНЕ од каде бараат одговор и за тоа „кој ги манипулира гласачите и народот, Алијансата за Албанците или СДСМ.“

– Дали лаже Таравари кога вели дека побарале двојазичноста да се реализира експресно и Заев се согласил со тоа или лажеше Заев кога ја потпиша гаранцијата со која ја отфрли тиранската платформа, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ посочи дека и понатаму ќе остане во функција на граѓаните, штитејќи ги нивните интереси и истакнува дека „СДСМ треба да знаат дека за поткопувањето на унитарноста на државата се одговара пред законот, но и пред граѓаните на Република Македонија на избори, од кои упорно бегаат“.