Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Села во Собранието го прогласи за геноциден македонскиот народ, а СДСМ молчи

ВМРО-ДПМНЕ: Села во Собранието го прогласи за геноциден македонскиот народ, а СДСМ молчи

„Собраниското мнозинство вчера и официјално ја внесе тиранската платформа во Собранието и ја најави намерата во целост да ја реализира. Целата македонска јавност имаше можност да слушне што предвидува тиранската платформа и тоа директно од собраниска говорница“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека „тиранската платформа што ја прифати СДСМ во себе содржи неуставни елементи, чие реализирање ќе го поткопа уставниот поредок и целосно ќе ја редефинира Македонија“.

„Главниот реформатор на аболираниот криминалец Зоран Заев, Зијадин Села, вчера во Собрание го прогласи за геноциден македонскиот народ. Молкот на СДСМ по ваквите изјави во Собранието, значи одобрување на тиранската платформа и согласност со сите нејзини точки само за да се зграпчи власта“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека ВМРО-ДПМНЕ ја осуди и ја отфрли тиранската платформа и понуди решение за излез од политичката криза.

Според партијата, „патоказот“ што го понудиле е добра основа за постигнување консензус за излез од кризата.

„Да се усогласиме дали важноста на политичката пракса за коалицирање на победникот со победник е фактор на дополнителна стабилност во државата, дали како таква треба опстои или се отфрла сега и во иднина. Доколку се отфрла, тоа би било во интерес на изедначување на гласот на секој пратеник, со сите логични последици од таков чекор? Ова е неопходен услов да одбегнеме двојни стандарди во домашната политика и менување на политичките традиции во зависност од изборните резултати. На долг рок усогласувањето околу овој принцип и неговото важење или отфрлање ќе донесе поголема предвидливост на политичката сцена“, се додава во соопштението.ВМ