Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е најголем поттикнувач на „големоалбанските апетити“ во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е најголем поттикнувач на „големоалбанските апетити“ во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение го оквалификува СДСМ како најголем поттикнувач на, како што истакнува, „големоалбанските апетити“ во државава и регионот, порачувајќи дека Македонија ќе остане унитарна и мултиетничка држава.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, укажува ВМРО-ДПМНЕ, не ги осудил инцидентите против македонскиот идентитет и суверенитет.
– По симнувањето на македонското знаме од јарболот во центарот на Куманово, вчера на фудбалски натпревар помеѓу Вардар и Шкупи во скопски Чаир се развиори знамето на голема Албанија. Аболираниот криминалец Зоран Заев упорно продолжува да ги брани антимакедонските изјави на Зијадин Села, Еди Рама, Хашим Тачи, Дитмир Бушати и Месила Дода. Овој човек продолжува свесно Македонија да ја турка кон федерализација, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека СДСМ и Заев за да се спаселе од „криминалите прифаќаат: двојазичност, промена на знаме, химна и грб, промена на името по грчки терк и федерализација на државата.

– Аболираниот криминалец Зоран Заев и криминогениот СДС се главен поттикнувач на „големо албанските“ апетити во Македонија и во регионот. Македонскиот народ одамна ги прочита криминалците од СДС и секој ден излегува и им порачува дека местото им е во затвор. Македонија нема да стане бинационална држава само за да се спаси СДС од затвор, се вели во соопштението