Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: СДСМ докажа дека не ја сака Македонија бидејќи ја прифати тиранската платформа

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ докажа дека не ја сака Македонија бидејќи ја прифати тиранската платформа

„Криминалецот Заев со својата антидржавна политика ги разгорува иредентистичките и шовинистичките страсти во регионот и затоа не смее да осуди ниту една негаторска изјава што доаѓа од Зијадин Села, Билал Касами, Еди Рама и ред други. Последен во низата е Бујар Османи кој јавно пред народот изјави дека не ја признава македонската химна. Бујар Османи кажа: „Не ја признаваме како наша химната на Македонија затоа што не ја рефлектира албанската заедница“. Криминогениот СДС и ова го премолчи“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата на својот политички противник му порачува оти докажал дека не ја сака Македонија, бидејќи „ја прифати тиранската платформа со која се поткопува нејзиниот суверенитет и дозволи нелегално да се избере претседател на Собрание“.