Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Рашковски смислено им се заканува на вработените во државната администрација

ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски смислено им се заканува на вработените во државната администрација

„СДС спроведува тортура врз вработените во јавната и државната администрација. Владата на дело го реализира ветеното од Заев за јадење на живи луѓе“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски на која обелодени дека 600 лица вработени до Државниот секретаријат примале плата, а не оделе на работа.

„Рашковски и Заев ја злоупотребуваат власта и вршат притисок врз вработените во државните институции. Рашковски смислено им се заканува на вработените во државната администрација, со цел истите да ги избрка за на нивно место да постави партиски послушници и шарени активисти. Владата на СДС и Рашковски за да отворат места за партиските послушници и кадрите од невладиниот сектор кои одработија за Заев прави директен удар врз припадниците на помалите етнички заедници кои се вработени во тие институции, како турската, српската, бошњачката, ромската и влашката заедница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата соопштуваат дека Заев и Рашковски, и сите нивни соработници ќе одговорност за незаконското работење.

„Со враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија, секој еден прекршител на законот ќе биде изнесен пред независен суд, и против него ќе се поведе законска и правична постапка, со цел добивање на соодветна кривична санкција за криминалот кој го сторил“, велат од партијата.