Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Прифаќањето на Тиранската платформа ја втурна земјата во процес на федерализација

ВМРО-ДПМНЕ: Прифаќањето на Тиранската платформа ја втурна земјата во процес на федерализација

Со самото прифаќање на против уставната Тиранската Платформа Заев и СДСМ во целост ја втурнаа Република Македонија во процес на федерализација, велат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

– Нивното прифаќање на Тиранската Платформа беше потврдено и од нивниот пратеник Мухамед Зекири кој јавно и јасно пред еден од претставниците на ДУИ кажа  дека СДСМ како партија се согласува со сите точки од платформата.

ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивстави на реализација на Тиранската Платформа и затоа не постигна договор за формирање на Влада, бидејќи никогаш нема да дозволи државата да ги изгуби атрибутите на унитарна и мултиетничка држава.

Народот на Република Македонија го прочита аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата партија. Затоа секој ден стотици илјади граѓани по улиците  низ градовите му порачуваат дека нема да му ја прифатат Тиранската Платформа и Влада што има намера да ја формира и со која ќе ја воведе иднината на Македонија во прашање.

За иднината на Република Македонија, за атрибутите на унитарна и мултиетничка држава, ВМРО-ДПМНЕ инсистира да се одржат нови парламентарни избори, бидејќи гласот на граѓаните мора да се слушне. Доколку аболицираниот криминалец Зоран Заев смета дека треба да се прифати и реализира Тиранската Платформа, нека ја претстави во својата изборна програма, и граѓаните нека се изјаснат што мислат за неа, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.