Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ пред одлука дали ќе се вратат во Собранието

ВМРО-ДПМНЕ пред одлука дали ќе се вратат во Собранието

По денешната средба со премиерот, Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучи дали пратениците ќе се вратат во собраниските клупи, изјави новиот лидер на партијата, Христијан Мицкоски, кој денеска присуствуваше на новогодишниот говор на претседателот Ѓорге Иванов во Собранието.

– Сите опции се отворени и конечната одлука ќе ја соопштиме по завршувањето на попладневната средба со премиерот Зоран Заев – рече тој.

Мицкоски потврди дека Влатко Ѓорчев е нов координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Како што објавивме вчера, Илија Димовски се повлече од оваа функција.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска присуствуваа на обраќањето на Иванов.