Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ повлече три од вкупно 43 приговори што ги поднесе до ДИК

ВМРО-ДПМНЕ повлече три од вкупно 43 приговори што ги поднесе до ДИК

На почетокот на денешната седница на ДИК, на која треба да се расправа за приговорите за локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата за Албанците, ТМРО и од Левица, седницата беше бргу прекината затоа што ВМРО-ДПМНЕ повлече три приговори од вкупно 43 што ги поднесе до ДИК.

Како што објаснија претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, тие повлекуваат приговори и за избор на советници и за градоначалници.

Во моментот трае паузата на која правната служба на ДИК ќе го подготви предлогот за приговорите со изменетите приговори од ВМРО-ДПМНЕ, по што ДИК ќе врши ждребање за редоследот по кој што ќе решава за приговорите.