Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Ние сме градители, а СДСМ се манипулатори

ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме градители, а СДСМ се манипулатори

Oд ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека додека тие како партија градат и создаваат, како што велат, за доброто на граѓаните, СДСМ продолжува со интриги и манипулации, а партнерите на Заев се пазарат за колкав дел од Тиранската платформа да се реализира.

Додека ВМРО-ДПМНЕ гради и создава за доброто на сите граѓани на Република Македонија, СДС продолжува со своите интриги и манипулации кон граѓаните. Додека ВМРО-ДПМНЕ работи за подобра иднина на сите, партнерите на Заев се пазарат колкав дел од Тиранската Платформа да се реализира, а колкав да остане во следната фаза. Граѓаните знаат што е подобро за нив и за нивната иднина, затоа и ВМРО-ДПМНЕ победи на последните избори, а СДС по 11-ти пат загуби. Граѓаните не сакаат лаги и манипулации. СДС наместо да се служи со измами, во најбрз можен рок да овозможи редовни локални и предвремени парламентарни избори, на кои ќе го слушнат гласот на граѓаните и нивниот одговор за целата деструкција која во изминатиов период ја посеаја во Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминативе години голем акцент стави на здравството и здравствената заштита на граѓаните, инвестирајќи во нови медицински објекти, апарати и обучување на кадарот.

“Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради голем број на нови објекти за потребите на јавните и државните институции и со тоа спречи милионски одливи од државната каса на име закупнина за објекти и деловен простор. Деновиве привршува изградбата на новата зграда на АД ЕЛЕМ, каде ќе бидат сместени дополнителни шест регулаторни тела на простор од 10.000 м2, со 8 надземни и 3 подземни ката, со што овие институции ќе добијат нормални услови за функционирање и работа”, велат од партијата.