Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Не го штитиме Зврлевски, туку бараме почитување на законите

ВМРО-ДПМНЕ: Не го штитиме Зврлевски, туку бараме почитување на законите

Како опозиција најостро реагираме на начинот на кој претседателот на Собранието, Талат Џафери ги води седниците. Имајќи ја на памет одговорноста, Џафери и СДСМ свесно влегуваат во кршење на Избирачкиот законик со разрешувањето на јавниот обвинител, Марко Зврлевски, рече пратеникот Илија Димовски.

Според него, како што јавува „А1он“, со обидот за разрешување на Зврлевски како и со некои други работи, претседателот на Собранието Џафери и парламентарното мнозинство се обидуваат на секој можен начин да се разговара за се освен за Законот за јазици, населувањето на мигрантите во Македонија и штетниот договор со Бугарија.

Пратеникот Димовски, исто така изјави, дека претседателот Џафери за времето додека е на чело на Собранието има повикано повеќе обезбедување од сите претседатели до сега.

– Господинот Џафери, узурпирајќи ја претседателската фотелја има обврска да се грижи за Деловникот, но не може да одредува кој кога да земе збор, рече Димовски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека лична е одговорноста на Џафери што Зврлевски ќе биде разрешен, бидејќи со тоа ќе го прекрши Законот.

Во поглед на инцидентот кој се случи во пленарната сала, со што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ излегоа пред собраниската говорница, Димовски изјави дека со тоа не им била целта да ја блокираат седницата, туку само бараат да се почитуваат законите.