Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Насилствата продолжија – тоа е животот што СДСМ го ветуваше

ВМРО-ДПМНЕ: Насилствата продолжија – тоа е животот што СДСМ го ветуваше

„Напад со нож, запален автомобил, пукање со огнено оружје се случија за само 24 часа по завршување на изборниот ден. Ова е животот што го ветуваше СДСМ“, порача ВМРО-ДПМНЕ денеска, во првото соопштение во последните 36 часа, откако претходно партијата беше во молк по говорот на нејзиниот претседател Никола Груевски.

„Нападот со нож врз претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, од страна на лица блиски до СДС е обид за политичко замолчување, кое не смее да остане неказнето. Надлежните институции треба веднаш да реагираат и да го расветлат целиот случај во најбрз можен рок. Запален е автомобил на симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче само неколку часа по завршувањето на изборите. Аздисаноста на криминалните структури блиски до СДС по изборите не запира, од медиумите видовме фотографии како двајца активисти на партијата се сликале со пиштоли пред штабот на партијата во Бутел. Според информациите објавени во медиумите, активистите на СДС во Бутел во неделата вечер пукале со пиштоли и создавале хаос низ Бутел“, се вели во соопштението од партијата.