HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО ДПМНЕ на Фејсбук ги закажа изборите

ВМРО ДПМНЕ на Фејсбук ги закажа изборите

На социјалната мрежа „Фејсбук“ вчера беше креирана посебна страница за настан закажан за 11 декември, наречена „Парламентарни избори 2016 година“.

Официјалното мото на настанот е „Ова е твоја земја, ти одлучуваш“. Како организатор и домаќин на настанот се јавува ВМРО-ДПМНЕ, односно официјалната ФБ-страница на владејачката партија. На ФБ-страницата која е запишана како домаќин на настанот, објавени се настани и текстови за владејачката партија.

Сите објави на страницата се споделени од интернет-страницата на ВМРО-ДПМНЕ и може да се видат најави и реализации на проекти, изјави кои членовите на ВМРО-ДПМНЕ ги давале во медиумите, галерии со фотогафии од членовите на владејачката партија и деманти кон опозицијата.

ОД ВМРО-ДПМНЕ за „Мета“ велат дека нивниот Центар за комуникации не го креирал настанот, но, не ја исклучуваат можноста тоа да го направил некој од нивните членови.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com