Thursday, Mar 28, 2024
HomeUncategorizedВМРО-ДПМНЕ: МВР не фаќа дрога, затоа што СДС е во коалиција со криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: МВР не фаќа дрога, затоа што СДС е во коалиција со криминалот

МВР под водство на СДС и на неспособниот Оливер Спасовски нема фатено ни грам дрога, не затоа што ја нема, туку затоа што СДС е во коалиција со криминалот, обвини Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција денеска.

Тој додаде дека приоритет за СДСМ и за Оливер Спасовски било да се пресметаат со сите полициски службеници кои професионално воделе истраги за нарко-дилерите што одработувале за Заев на минатите избори.

– За неполни три месеци од доаѓањето на власт, СДС направи целосен хаос и партизација во министерството за внатрешни работи. За неполни три месеци Оливер Спасовски подели 500 решенија, унапредувајќи партиски послушници по четири-пет скалила, што е спротивно на системот на кариера и на Законот за внатрешни работи. Сведоци сме дека и во минатото, кога СДС беше на власт, наместо структурни реформи во полицијата и унапредување на ефикасноста на министерството, наместо откривање и неутрализирање на криминални групи, се случуваше токму спротивното – изјави Костовски.

Тој додаде СДСМ ја препушта безбедноста на граѓаните во раце на неспособни и на непрофесионални кадри, кои имаат цел да го штитат криминалот на луѓето блиски до врвот.