Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Мандатот на Заев е затруен плод на затруено дрво

ВМРО-ДПМНЕ: Мандатот на Заев е затруен плод на затруено дрво

Kриминалецот Зоран Заев веќе нема простор од една страна да го лаже народот за заштита на националните интереси, а од друга да дава ветувања за реализација на тиранската платформа затоа што јавно се обврза дека ја отфрла платформата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сега целата одговорност останува кај криминалецот Заев. Тој ќе мора да избере дали ќе ја отфрли двојазичноста на банкнотите, униформите и носењето резолуција за геноцид врз Албанците или ќе си го погази зборот и ќе тргне спротивно на ветувањата дадени пред сопствениот народ. Народот секогаш победува. Истрајноста и упорноста во барањата да се отфрлат туѓи платформи, дадоа плод. Доколку Заев одлучеше да се откаже од тиранската платформа уште кога му беше понудено од ВМРО-ДПМНЕ, Република Македонија немаше непотребно да биде заглавена во криза изминативе месеци“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека мандатот на Зоран Заев е затруен плод на затруено дрво и дека неговото неодговорно и деструктивно однесување нема иднина.