Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Луѓе како Спасовски не заслужуваат да го водат МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓе како Спасовски не заслужуваат да го водат МВР

МВР е во хаос, а единствени кои се задоволни од неговото работење се криминалните банди низ Скопје и низ државата, кои излегоа од подземје и почнаа да владеат со државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за неговиот отчет за стоте дена на фукнцијата.

„Граѓаните со право стравуваат за својата безбедност. Криминалците слободно се шетаат на улица и ги загрозуваат мирот и стабилноста на нашите улици и во нашите населби. Вакви луѓе и ваков министер како Спасовски не заслужуваат да го водат најкомплексниот ресор во Република Македонија. Наместо да се занимава со партиска пропагандна и со неисчистени возила, Спасовски треба да се грижи за безбедноста на сите граѓани во Македонија“, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат Спасовски и Заев наместо да ја користат полицијата во партиски цели, да се занимаваат со тоа како МВР повторно да стане симбол на доверба и на професионализам.