Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Зоре Темелковски

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Зоре Темелковски

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Зоре Темелковски, татко на кандидатот за градоначалник од СДСМ за Кисела Вода, Филип Темелковски, поради основано сомневање дека им се заканувал со отказ на вработени во јавната и во државната администрација од населбата Драчево, соопшти денеска Оливер Андонов од ВМРО-ДПМНЕ.

– Како логистичка и фактичка поддршка на стореното кривично дело, Зоре Темелковски, како што самиот вели, веќе направил селекција на повеќе од 1.100 вработени кои доколку не гласаат за СДС, може да останат без работа. Доказ за заканите и за притисоците што ги вршел Темелковски е оваа аудиоснимка, која се рашири на социјалните мрежи и низ медиумите во земјава, а на која не реагираа ниту Јавното обвинителство ниту МВР за да постапат по службена должност. Поради тоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против именуваниот и ќе ги заштити граѓаните од самоволието на СДС – рече Андонов.