Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи реформите кои се во интерес на граѓаните, му порача Груевски на Бејли

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи реформите кои се во интерес на граѓаните, му порача Груевски на Бејли

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, заедно членот на Извршниот комитет на партијата Никола Тодоров денеска со американскиот амбасадор Џес Бејли разговараа за актуелната состојба, приоритетите и предизвиците на државата.

Како што соопштија од партијата, на средбата било констатирана заложбата Република Македонија што поскоро да добие позитивна одлука за членство во НАТО, што, како што истакнува, преставува стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски и Тодоров истакнале дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги подржи реформските агенди важни за интеграциите во Европската Унија за кои ќе се оцени дека би биле од интерес на граѓаните. Тие исто така ја истакнале потребата за дебата во однос на значајните одлуки и законски решенија.