Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ ја поднесе петтата интерпелација – на ред дојде Дураку

ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе петтата интерпелација – на ред дојде Дураку

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку, рече пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуровска.

Причина за ова, како што рече Затуровска, е крајната неодговорност на министерот Дураку и новата Влада за дивите депонии што се наоѓаат во Струга, Куманово и други градови во Македонија.

Според неа и ВМРО-ДПМНЕ, ниту една институција не им излегла во пресрет на граѓаните да им помогне бидејќи за новата Влада партиското вработување е поважно од дивите депонии.

– Потребна е смена на министерот Дураку за да се спречат други еколошки катастрофи со кои може да им се направат огромни штети на граѓаните – рече Затуровска додавајќи дека на местото на сегашниот министер треба да дојде човек што ќе може да се справи со овие проблеми.

ВМРО-ДПМНЕ во последните денови поднесе неколку интерпелации за министрите на СДСМ и тоа за Никола Димитров, министер за надворешни работи, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.