Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ има пет забележшки на договорот со Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ има пет забележшки на договорот со Бугарија

Коалицијата „За подобра Македoнија“ ќе даде поддршка на договорот за добрососедство со Бугарија доколку во него бидат вградени забелешките кои нејзините пратеници денеска ги претставиле на затворената седница за јавност на која премиерот Зоран Заев ги презентира деталите од нацрт договорот, пишува „Нова ТВ“.

Антонијо Милошоски на прес конференција рече дека според Заев има можности со интервенции за подобрување на текстот.

Тој ги соопшти петте точки на кои тие имаат забелешки:

-Дали македонскиот народ како конститутитвен народ во Република Македонија ќе биде споменат или нема да биде споменат во договорот за добрососедство,

-Дали македонскиот јазик во овој билатерален договор помеѓу Софија и Скопје ќе биде споменат дека постои само заради постоењето на Устовот на Република Македонија или фразата за употребата на македонскиот јазик ќе биде таква дека македонскиот јазик има своја посебност независно од Уставот на Република Македонија,

-Дали Зоран Заев е спремен да потпише билателарен договор кој што содржи најмалку еден член кој што ние сметаме дека не е во согласност со членот 49 од Уставот на Република Македонија кој што ја предвидува уставна обврска на државата да се грижи за Македонците надвор од држвата,

-Разграничување на делот на заедничката и делот на посебноста на историите меѓу двете држави,

-Забележителна асиметрија на правата и обврските на двете договорни страни во договорот.

Доколку овие препораки бидат вградени во дел од текстот и со тоа, според Милошоски, го унапредат како содржина, а со самото тоа биде и поповолен за Република Македонија, тие би дале поддршка за договор во кој што „ќе се спомене македонскиот народ, ќе се потврди македонскиот јазик , ќе има симетрични обврски и за Македонија и за Бугарија и ќе има јасна дистинкција помеѓу делот на заедничката и делот на посебната историја“.

-Доколку, овој нацрт договор остане не променет и го задржи истиот текст кој што го видовме и денес тогаш ќе остане кај нас сомнежот дека денешната седница била само пи-ар момент, рече Милошоски.

Премиерот Зоран Заев потребата за затворена седница ја заснова на меѓународната Виенска конвенција и, како што рече, со цел да не се наруши моментот на взаемно почитување со Бугарија.

Се очекува договорот кој премиерот Заев го најави за време на својата посета на Софија на 20 јуни, по средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов да биде заокружен на 1 август, а да се потпише на 2 август.

На барањата на пратениците од опозицијата за увид во договорот, Владата, во одговор на новинарско прашање рече дека ги промовира принципите на транспарентност, отчетност и инклузивност за сите политики во процес, вклучуваќи ги и меѓународните.