Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ го доби претседателското место во Комисијата за избори и именување

ВМРО-ДПМНЕ го доби претседателското место во Комисијата за избори и именување

Парламентарните групи денеска постигнаа договор претседателот на собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата да биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Името на претседателот ќе биде соопштено по 15 часот, кога треба да продолжи координацијата, но според неофицијални информации, тоа ќе биде пратеникот Илија Димовски.

Завчера парламентарните групи со договорија ВМРО-ДПМНЕ да има шест члена во Комисијата за прашања на изборите и именувањата, СДСМ пет, а ДУИ и Беса по еден член.

Утврдувањето на предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е предуслов за продолжение на конститутивната собраниска седница која почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината, бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.