Tuesday, Oct 24, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за прекинување на соработката со Питер Ван Хауте

ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за прекинување на соработката со Питер Ван Хауте

Според соопштенијата од ВМРО-ДПМНЕ, донесена е одлука да се прекине соработката со посредникот Питер Ван Хауте, а како причини се наведени неговите навреди кон ВМРО-ДПМНЕ, како и неговите навреди и омаловажување кон Република Македонија. Иако ВМРО-ДПМНЕ долго време ги толерираше овие негови навреди и постапки, бидејќи тој често знаеше и да се извини, сепак после последните случувања ВМРО-ДПМНЕ се реши дека овој пат нема да му прости. Токму поради овие случувања ВМРО-ДПМНЕ повеќе нема да учествува на состаноците на кои ќе присуствува и Питер Ван Хауте.