Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ бара опозицијата да го предложи јавниот обвинител

ВМРО-ДПМНЕ бара опозицијата да го предложи јавниот обвинител

Во пресрет на разрешување на актуелниот јавен обвинител Марко Зврлевски, опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара тие да го предложат наследникот на републичкиот јавен обвинител.

Пратеникот Илија Димовски побара наместо како досегашната пракса со просто мнозинство, јавниот обвинител да биде избран со двотретинско мнозинство. Предлогот за разрешување на Зврлевски од 30 точка на дневниот ред е поместена како 5 точка. Собранието ги одби предлозите на опозицијата за измени по брза постапка.