Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО ДПМНЕ бара одговор од Министерот Спасовски, до каде е истрагата за фалсификуваните лични карти?!

ВМРО ДПМНЕ бара одговор од Министерот Спасовски, до каде е истрагата за фалсификуваните лични карти?!

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција обини дека Министерот за внатрешни, Оливер Спасовски, и должи одговор на јавноста за тоа кој стои зад аферата со фалсификуваните лични карти и кој ја пласираше оваа афера.

На денешната прес конференција предводена од Антонио Милошевски од ДПМНЕ, беше посочено:

– Г-не Оливер Спасовски, не е достојно повеќе да се криете од јавноста. На јавноста и должите одговор: Кој стои зад аферата фабрикувани лични карти?! И кој ја пласира оваа афера, со оглед на тоа што се работи за медиум близок на Вашата партија? Кој нарачал да се изработат овие фалсификувани лични карти? Кој одлучил тие да бидат предадени токму на неделникот Фокус, близок до СДСМ? И кој одлучил дека е добро, и Фокус и Вие како технички министер да отпочнете медиумска кампања без да имате каква било потврда за сомненијата дека фалсификуваните лични карти биле употребени или злоупотребени од некого за гласање?, рече на прес-конференција Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Спасовски и неделникот „Фокус“ усогласено ги обвинија и понижија вработените во МВР и сите членови на избирачките одбори дека не гледале кој со каква лична карта гласал на претходните избори.
Инаку весникот „Фокус“ објави афера со фалсификувани лични карти, кражба на идентитети и индиции за изборни нерегуларности, откако им биле доставени 30.000 фабрикувани лични карти во редакцијата. На личните карти едно лице било водено на неколку адреси, а личните карти биле мултилингвални.
Од МВР засега не се откриваат повеќе детали, велат истрагата е во тајност и се одвива. Покрај тоа, некои интернет портали сепак објавија детали од истрагата, обвинувајќи го Спасовски за „наместена афера“ во соработка со „Фокус“.
Чија вистина е повистинита, веројатно ќе ни открие истрагата.


Н.С