Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Алијанса за Албанците како мираз му ја носи тиранската платформа на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Алијанса за Албанците како мираз му ја носи тиранската платформа на Заев

Коалиционите партнери на Заев од Алијанса за Албанците, кои како мираз му ја носат тиранската платформа, вчера уште еднаш потврдија дека не им е битен државниот интерес, туку националното прашање на Албанците, стои во утринскотo соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поголема потврда од тоа дека од Алијанса за Албанците ќе коалицираат заради исполнување на барањата од тиранската платформа со СДС, а не за некаков „граѓански концепт“ кој Заев ни го продава, НЕМА. Зоран Заев е очаен и има патолошка потреба за власт. Заев во власта гледа единствена надеж за спас и амнестија од сите криминали кои ги има сторено тој и неговата криминогена врхушка во врвот на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека Заев го осудил, како што велат антидржавните изјави Зијадин Села, Еди Рама и Дитмир Бушати, затоа што тој, како што се наведува, „е заробеник на желбата за власт и е спремен да проголта секоја антидржавна изјава, само за да направи Влада“.