Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВлезот во Дубровник станува прескап

Влезот во Дубровник станува прескап

Дубровник станува уште поскап. Градските власти воведуваат такса на поширокото подрачје на градот. Доколку во следната летна сезона одлучите со автомобил да се задржите подолго од еден час во овој град ќе треба да платите такса од 40 куни (околу 5,3 евра) по час.

Градоначалникот на Дубровник, Андро Влахушиќ најави дека на западниот приод кон градот, во близина на јавната гаража на Илијина Главица, ќе бидат поставени „рампи или некои други пречки“, кои ќе го котролираат приливот на возила кон градскиот центар.

При излегувањето од центарот на Дубровник, кон Жупа или Бониново, возилата ќе бидат дочекани со други „пречки“, а нивните сопственици ќе мора да платат 40 куни по час доколку во поширокото градско подрачје се задржале повеќе од еден час. Оваа такса нема да важи за жителите на Дубровник, ниту за возилата на јавните служби.