Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноВлезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар истетовиран човек во светот!

Влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар истетовиран човек во светот!

Стогодишниот Британец Џек Рејнолдс, запишан е во Гинисовата книга на рекорди како најстара личност на светот која за прв пат се истетовирала. Рејнолдс на својот роденден на 6 април, се одлучил да направи тетоважа на десното рамо: „Џеко 1912/06/04“, а таа го означува неговиот прекар и датумот на раѓање. Неговата 55-годишна ќерка Џејн Гудвин изјавила дека нејзиниот татко се шегувал дека сака да направи таква тетоважа, за после истото да го спроведе во дело.

„Моите внуци мислеа дека сум полудел. Јас сум всушност сите овие години луд“, се нашали Џек кој на тетовирањето пристигнал заедно со својата 35-годишна внука. Инаку, овој Британец има осум внуци и 21 правнуци.