Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимВлечките апостолки се штетни по здравјето

Влечките апостолки се штетни по здравјето

Апостолките или јадранките без оглед како ги нарекувате можеби се неизоставен дел од летната сезона и главен избор за обувки на плажа, но ортопедите предупредуваат дека се штетни и може да доведат до болки во стапалата и мускулите на нозете. Причината лежи во неприродната поставеност на прстите, како и напорот кој се прави за „влечење“ на апостолките со стегнатост на прстите.

Ортопедите препорачуваат да ги користите само за на плажа каде имате мала дистанца за пешачење и на самиот песок дури и не ги ни носите, но ако треба да пешачите на подолго растојание, пример за прошетка низ кејот најдобро е да ги замените со сандали или обични влечки.