Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВладо Јовановски: Не ни треба божја интервенција за самите да се уништиме

Владо Јовановски: Не ни треба божја интервенција за самите да се уништиме

Актерот Владо Јовановски, еден од најистурените активисти на „За заедничка Македонија“ на денешниот протест порача дека на македонскиот народ не му треба божја интервенција за самиот да се уништи, како во библискиот потоп, но не кажа кој во овој случај би бил македонскиот Ное.

– Кога заради овие делби што ни ги приредија вака поделен народ ќе може да се собере на семејни забави, на свадби, на крштевки без да си ги вадат очите? Што направија од македонскиот народ, од жртва го прогласија за фашисоиден и геноциден народ, тоа ли беше идејата?, праша Јовановски.