HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиВладо Јаневски отвори радио, од денеска „Хепи“ на 107.4

Владо Јаневски отвори радио, од денеска „Хепи“ на 107.4

Владо Јаневски отвори свое радио. Од денеска, на фреквенцијата 107.4 почна да се емитува програма на Хепи радио, а тимот ветува свежина низ скопските радио бранови. Менаџерскиот и водителскиот тим на Хепи радио, на прес-конференција, зборуваа за концепцијата и за програмската шема на новата градска фреквенција, која, благодарение на новите технологии е достапна во целиот свет.

Директорот и еден од сопствениците на радиото, Владо Јаневски истакна дека главна цел на радиото е да шири добра вибрација низ градскиот етер и дека целта на неговиот тим е да стане најдобриот пријател на сите слушатели кои ќе дојдат на оваа фреквенција. Неговото долгогодишно искуство во шоу-бизнисот ќе биде доволна гаранција за Хепи радио да внесе свежина низ скопските радио бранови.

Главниот и одговорен уредник, Иван Беќковиќ зборуваше за програмската шема и го претстави водителскиот тим на Хепи радио, напоменувајќи дека фреквенцијата 107.4 во текот на денот има цели 14 часа програма во живо, како и целоноќна одбрана музика, а приказната продолжува и во деновите на викендот.

Гласовите кои ќе им прават друштво на скопјани им припаѓаат на: Оливера Петрушевска, Марко Новески, Ана Тодевска, Зорица Црношија, Маја Бабиќ и Маја Ристовска.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com