HomeДЕНЕШНАСветВладите на Шкотска и на Велс започнаа со судски постапки поради Брегзит

Владите на Шкотска и на Велс започнаа со судски постапки поради Брегзит

133014562-36394

Владите на Шкотска и на Велс покренаа свои постапки пред судот, околу овластувањата за Брегзит и правото на кое инсистира Лондон, за тоа дека само премиерот Тереза Меј и британската влада се овластени да го означат времето за почеток на процесот на Брегзит.

Асоцијацијата на правниците на Англија, претходно, покрена таков процес пред Вишиот суд во Лондон. Овој суд пресуди дека владата не може да го покрене процесот за напуштање на ЕУ, без согласност и подршка на Парламентот.

Шкотскиот прв министер Никола Старџен изјави дека инсистирањето на владата во Лондон за тоа само таа да одлучува за покренувањето на член 50 од Лисабонската спогодба, претставува „директна повреда„ на деволуцијата на Шкотска.

Владата во Единбург бара и поместување на терминот за старт на Брегзит, што премиерот Меј го најави до крајот на март идната година.

Доколку Шкотска на суд успее да се избори за своите барања, тогаш не само британскиот, туку и шкотскиот Парламент ќе гласаат околу покренувањето на Брегзит.

Судска постапка покрена и владата на Велс, чиј претставник во Кардиф изјави оти владата на оваа покраина го признава резултатот од референдумот, но дека инсистира Парламентот да се изјасни за стартот на Брегзит.

Тереза Меј неколкупати досега изјави дека „без разлика на се“ времето за почеток на раздружувањето со ЕУ ќе биде почитувано, мислејќи на март идната година.

Меј и десницата во Конзервативната партија, предводена од министрите во владата кои ја предводеа кампањата за Брегзит, остро реагираа на одлуката на лондонскиот Виш суд, да го ограничи „автономното право„ на владата за процесот на

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com