Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВладата усвои го извои законот за амнестија

Владата усвои го извои законот за амнестија

Владата вчера го разгледала и усвои Предлог-законот за амнестија и им препорача на Министерството за правда и на службите во владата да ги обезбедат условите за увид во предлог текстот на законот до засегнатите министерства, како и до пошироката јавност, соопшти владината служба за информирање.

Предлог-законот ќе биде поставен на увид на јавноста во Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонијa (ЕНЕР).

Овој закон е времен и ќе се однесува на точно определени временски одредници. Министерот за правда, Билен Саљији објаснил дека со предложениот текст на закон не се предвидува амнестија за лица правосилно осудени на казна доживотен затвор, како и за сторители на кривично дело Убиство од член 123 од Кривичниот законик, на сторители на кривични дела против избори и гласање, за кривични дела против половата слобода и половиот морал и за кривични дела против државата (член 305-327), како и за злосторничко здружување и кривичните дела против човечноста и меѓународното право.

На денешната седница е презентирана информација со предлози за справување со високото ниво на загадување на воздухот во текот на летниот период и во текот на целата година.

Донесена е и одлука за зголемување на коефициентите на сложеност на работите во детските градинки, односно покачување за два отсто на платата на вработените во нив, почнувајќи од октомври. Истовремено биле усвоени и предлог-уредбите за критериумите за распределба на блок дотации за детски градинки по општини за 2018 година, и за распределба на блок дотации за јавните установи за домови за стари лица за 2018 година.

Донесена е и одлука со која се укинува надоместокот за испорака на информации од јавен интерес, во вид на електронски запис на информацијата на УСБ, или на е-маил адреса на барателите.