Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВладата прогласи кризна состојба на северната и јужната граница

Владата прогласи кризна состојба на северната и јужната граница

На вчерашната седница, владата прогласи кризна состојба на јужната и северната граница заради состојбата со мигрантите. Со ова се отвара можност за ангажирање на војската по предлог на Врховниот командант. МВР најави и дека ќе се формира Главен штаб за анализа на ситуацијата.

Најбројни до сега се сириските државјани на кои им е издадена потврда потоа од Авганистан и Пакистан. Крзизната состојба значи засилување на контролата на граничниот појас војската да спречи евентауални закани по населението во пограничните места и да обезбеди похуман третман на оние кои бараат азил.