Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаВладата плаќа, фирмите да примат работници

Владата плаќа, фирмите да примат работници

Владата објави нова мерка за субвенционирано вработување, за фирмите доколку вработат лице за период од една година со давање на средства за бруто плата. Идејата е да се намали невработеноста во Македонија, но и да им се помогне на поголем број на лица од социјално ранливите категории.

rabotnici

Мерките на Владата за субвенционирано вработување ќе важат за оние компании кои ќе вработат ица со статус на деца без родители, лица до 29 години чиишто месечен семеен приход е понизок од 50% од последната просечна нето плата, жртви на семејно насилство, лица со социјален ризик, како и лица корисници на условен паричен надоместок за средно образование.

Определени се два вида на државни субвенции со бруто месечна плата од 14.900 или 17.000 денари, во завиност од квалификациите на работникот и природата на работното место. Субвенцијата за работодавачот месечно ќе изнесува по 5000 денари од вработено лице, а парите ќе бидат префлени на сметка во текот на првите 6 месеци. Владата порача сите заинтересирани компании што побрзо да ги поднесат своите пријави до Агенцијата за вработување.