Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВладата најави јавна дебата за воведување прогресивна стапка на персоналниот данок на доход

Владата најави јавна дебата за воведување прогресивна стапка на персоналниот данок на доход

Kаква било промена на даночната политика ќе биде во прилог на граѓаните и на стопанството на Македонија, одговори на новинарско прашање вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, на отворањето на саемот „Технома“.

– Измената на даноците нема да се случи без поширока расправа и за неа и медиумите и граѓаните и стопанствениците ќе бидат навремено информирани – појасни вицепремиерот Анѓушев.

Од Министерство за финансии соопштуваат дека „стапката на данокот на додадена вредност нема да се менува и такво нешто не е предвидено ниту во програмата на Владата“.

„До крајот на годината ќе се отвори јавна дебата за евентуално воведување на прогресивна стапка на персоналниот данок на доход. Сите промени ќе се носат транспарентно и со вклученост на јавноста“, се вели во соопштението на Министерство за финансии.