Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВладата ќе се рекламира само на МРТВ, Фејсбук, Твитер и Инстаграм

Владата ќе се рекламира само на МРТВ, Фејсбук, Твитер и Инстаграм

Владата денеска ја усвои мерката од Планот 3-6-9 која се однесува на стопирање со владините реклами на комерцијалните телевизии, печатени медиуми, билборди и интернет портали.

Од ова се исклучени социјалните мрежи. Со одлуката на Владата потребните информации во форма на реклами ќе бидат пренесувани до граѓаните преку јавниот сервис.

– Согласно оваа мерка Владата на РМ донесе заклучок според кој се задолжуваат сите органи на државната управа, им се укажува на институциите кои немаат статус на органи на државната управа и им се препорачува на единиците на локалната самоуправа да престанат да емитуваат, односно рекламираат кампањи/спотови на платен простор во електронски комерцијални радиодифузери – телевизии и радија, дневни и неделни весници, билборди, интернет портали, со исклучок на социјалните медиуми, согласно усвоената мерка од Планот 3-6-9 – извести владината прес служба.